CQ WW CW - 2010
Страна 1 of 1
CQ WW CW - 2010
Еххх што да се каже за овој контест, цела година го чекаме, па го дочекавме и што викаат некои "како дошло тако и прошло" ... Поради повеќе објективни околности не успеавме да направиме тим за некој сериозен MULTI OP настап па од тие причини одлучивме да работиме неколку синглови. Бидејки минатата година ја "утнав" на 3,5 mhz, овој пат сакав да го поправам тоа што беше лани испуштено. Вертикалките од WAE RTTY ги оставивме на локацијата но неколку дена пред контестот дуваше некој многу силен ветер и едната од нив не издржа, беше искршена на 3 места ... Во средата со Роберто, прво ја спасивме и другата, која беше пред паѓање а потоа ја средивме и втората така да до петок пред контестот двете вертикалки беа поново спремни и еден beverage према USA.
Целта како и лани ми беше да надминам преку 2000 врски. Нормално тука пред се беше важно да има добри услови, но .... дека ќе имаше вакви услови како што беа ни на сон неможев да претпоставам. Првата ноќ до сабота сабајле, одржани се 820 врски !!! односно нешто преку 100 врски на саат и морам да кажам дека беше доста напорно ХИ! Сабота спрема недела повторно добри услови и скоро сум до целта, остварени се 1940 врски. Крајот на контестот го завршувам со 2326 врски, 32 зони и 112 земји. односно скор од 553.680 поени што е досега најдобар резултат од Македонија во оваа категорија. А да, на едно 5/6 саати пред крајот на контестот, повторно дувна силен ветер и повторно една од вертикалките беше скршена така да тој период го завршив со една вертикалка.
И што да се каже друго, освен дека сум сосема задоволен од одработеното. Веќе има пријавени одлични скорови од други аматери во Европа и надвор од неа, но моите предвидувања се дека има шанси да се биде во топ 5 во категоријата 3,5 mhz.
Z36W- Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|