CQ WW CW - 2008
Страна 1 of 1
CQ WW CW - 2008
Edna nedela do CQ WW CW kontestot.
Z36W- Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип
Re: CQ WW CW - 2008
Со оглед на зафатеноста кај некои од членовите на екипата, дел од членовите изразија желби за неколку single-op учества, се со цел за подобрување на некои Z3 рекорди во овој натпревар. Според најавите ке бидат 2 или 3 сингла и тоа на 7, 14 и евентуално на 3,5 мхз. Но отом потом, кај нас работите и плановите се менат секој дневно па до петок ништо конкретно не се знае
Z36W- Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип
Re: CQ WW CW - 2008
И биднааа ... еден од секако најпопуларните контести, CQ WW CW. Претходно пишав дека овој контест за разлика од минатите неколку години, ке го работиме во "single-op" категории, пред се заради личните обврски на нашите членови и заради освежување на листата на Z3 рекорди во овој натпревар. Целите беа поставување на нови рекорди на 7, 14 и 1.8 мхз и евентуално нов рекорд на 3.5 мхз. Четврток и петок, вообичаено денови за местење антени, поставени се два "Bobtaila" за 7, "INV-L" за 1.8, GP за 3.5 и 2 Х Beverages и коаксијални каблови за два делта лупа за 7 и еден за 3.5 мхз.
До почетокот на контестот поставени се 3 ППС-а, за 7мхз, за 1.8 и еден за 3.5 и 14 мхз. Првиот проблем се јави кај 1.8, имаше доста QRM од другите две станици па некоја по сериозна работа и не се очекуваше. Само што почна контестот, после 20 мин. снемува струја. Прекинот трае десетина мин. но после некои пет мин. пак прекин ?! ваквото иди-дојди на струјата се повтори уште неколку пати а од 1.30 струја немаше до 03.40. Причина за овој пролем беше силниот ветер кој од петокот попладне па до сабота претпладне дуваше постојано. Освен проблемот со струјата ветерот скрши и еден елемент од монобандерот за 14 мхз.
Условите на 7 мхз на почетокот одлични, бандот врие од станици, од 7000 до 7100 тешко да се дојде до чиста фреквенција. Во првите 8 часа се врака оптимизмот после изгубените 2 часа заради струјата, логирани се околу 500 qso'a. Очекував застој или намалена активност преку денот но за среќа условите беа изненадувачки добри, USA идеше скоро до 12 часот а ЈА почнуваше во тој период. Преку денот идеше добро и VK/ZL а и голем број на станици од истокот. Ваквите услови продолжија и во неделата што значи дека на 7 мхз немаше застој во работата. Првите 24 часа логирани 1600 qso'a и во голема мера поправен слабиот впечаток од почетокот а на крајот логирани се 2850 qso'a, 38 зони и 142 dxcc и скор од 893520 поени. Убави моменти: освен добриot pile-up од USA и ЈА убаво беше кога на CQ се јавија 9J3A, 5R8FU, J28JA, DX1CW, 5H3EE, YW7A, VE2XAA/2 (zona 2), NL7G и други. Лоши момeнти: еден час изгубен во повикување на CE3AA и за жал без успех, доста време потрошено во повикувањето на AH0BT, 6Y1V, HD2M, AH2R и други. Станици кои беа работени деновите пред контестот, кој се јавувале на 7 mhz а кои ние ги немаме во логот: T88CJ, CE0/SM, 3B8/SM, и H44MY.
Антените повторно се покажаа дека за сега се најдоброто што сме го имале за овој банд. Имајки го предвид првото искуство со нив кога имавме лош прием, поставени беа бевериџите и делталуповите за евентуално примање со нив, но се покажа и овој пат дека џабе ни беше работата со нив. Одлични на прием и добри на предаја само ... хмм барем да мине уште еден KW преку нив
На крај, ја лично сум задоволен од постигнатото, можеби ке можеше да се логираат уште стотина qso'a да не беше прекинот на струјата, но што е тука е. Желбите беа да се поминат 3000 qso'a и 1 мил. поени, но здравје овој предизвик ке остане за следната година.
Во прилогот и неколк слики ....
Последната промена е направена од Z36W на Вто Дек 02 2008, 22:30. Мислењето е променето 2 пати.
Z36W- Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип
Re: CQ WW CW - 2008
Во текот на контестот бев спотиран многу пати но морам да кажам дека ова ми беше нај убавиот спот
Z32ZM ..... 7032.7 ..... Z37M ..... MACEDONIA ..... 1820 30 Nov
Фала Моме !
Инаку од Z3 станиците ми се јавија Z37KXY, Z33A и Z35M. На кластерот го видов Z35F, за што Венци веке напиша на рефлекторот.
Z32ZM ..... 7032.7 ..... Z37M ..... MACEDONIA ..... 1820 30 Nov
Фала Моме !
Инаку од Z3 станиците ми се јавија Z37KXY, Z33A и Z35M. На кластерот го видов Z35F, за што Венци веке напиша на рефлекторот.
Z36W- Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|