ВЕВЧАНИ - 2009
2 posters
Страна 1 of 1
ВЕВЧАНИ - 2009
Оваа година по првпат за време на Вевчанскиот карневал како промотори во светот се вклучија и македонските радио аматери. Агенцијата за електронски комуникации експресно издаде специјален повикувачки знак давајќи им можност на десетина илјади радио аматери во светот да слушнат и преку радио аматерска телевизија да видат што се случува на улиците во Вевчани. Радио аматерите од Македонија изработија мини веб страница која за овој краток период беше посетена 10.000 пати, и одржаа огромен број на контакти со колегите од целиот свет. Најактивни меѓу нив беа гевгеличаните Благој Љатев и Ѓорѓе Андонов кои одржаа 7000 врски за 15 дена. Во договор со организаторите на карневалот за секоја одржана врска со радио аматери од земјата и од светот ќе се отпечатат специјални картички кои ќе бидат испратени по специјална пошта до сите земји во светот. Активноста што ја изведоа македонските радио аматери е добар пример дека десетици и стотици илјади луѓе во светот можат да добијат ефективна порака за многу кратко време. Денес во светот има преку два милиони радио аматери, од кои најголемиот дел во САД и Јапонија.
L: Z35F Blagoj R: Z33A Djoko
Пренесено од: www.gevgelija.info
Re: ВЕВЧАНИ - 2009
Ова беше одлична активност на радиоаматерите од Македонија. Голем број на радиоаматери преку e-mail се заблагодарија за можноста за одработување на нов префикс од Македонија, кој им бил потребен за WPX. Во оваа активност учествуваа
- Z33A - Герорге
- Z35F - Благој
- Z31MM - Момо
- Z35M - Владо
- Z35X - Крсте
- Z35W - Звонко
- Z33F - Зоран
- Z34M - Мики
Голема благодарност до сите, со желба за понатамошна успешна презентација на радиоаматеризмот во Македонија. Се надевам дека ке имаме поголем одзив во натпреварот IARU 2009 со знакот Z30HQ.
Звонко/Z35W
- Z33A - Герорге
- Z35F - Благој
- Z31MM - Момо
- Z35M - Владо
- Z35X - Крсте
- Z35W - Звонко
- Z33F - Зоран
- Z34M - Мики
Голема благодарност до сите, со желба за понатамошна успешна презентација на радиоаматеризмот во Македонија. Се надевам дека ке имаме поголем одзив во натпреварот IARU 2009 со знакот Z30HQ.
Звонко/Z35W
z35w- Број на мислења : 7
Join date : 2008-09-13
Age : 58
Местолокација : ул. Кочо Рацин бр 1 Виница
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|