РАДИО КЛУБ - Z37M
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

CQ WW WPX RTTY 2009

Go down

CQ WW WPX RTTY 2009 Empty CQ WW WPX RTTY 2009

Пишување  Z36W Сре Фед 11 2009, 23:57

Овој викенд е CQ WW WPX RTTY контестот. Екипата на Z37M го брани првото место во свет од минатата година, во категоријата MULTI/MULTI. Подготвоките започаа, денес на локацијата се Крсте Z35X, Tоне Z36N и Роберто. Поставени се вертикалките за 7 мхз (Bobtail) а деновиве треба да се поставата 2 Х вертикалки за 3.5 мхз и бевериџи за прием. Секоја чест за напред споменатите, бидејки времето денес беше релативно дождливо.

Во наредните денови ке следат уште информации а ке има и по некоја фотка Smile
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

CQ WW WPX RTTY 2009 Empty Re: CQ WW WPX RTTY 2009

Пишување  Z36W Вто Фед 17 2009, 15:45

Контест сезоната 2009 ја почнавме со CQ WPX RTTY контестот минатиот викенд. Подготовките започнаа уште во средата, кога на Сушево заминаа Крсте, Тоне и Роберто. И покрај лошите временски услови (дожд, ветер и многу ладно), момците до петокот ги поставија вертикалките за 7 и 3.5 mhz. Антените за горните опсези беа во добра состојба освен Yagito за 14 mhz, на кое едниот елемент (рефлекторот) остана без една половина а другата само што не беше паднала. И во таква состојба антената имаше добар SWR и работеше колку да не сме без антена, бидејки било какви корекции или замена со друга антена, немаше шанси да се прави по ладното време. Во петокот вечерта екипата се комплетира со доаѓањето на Момо, Венцо и Игор, а во саботата попладне стаса и Др. Озрен.
Морам да кажам дека после неколкуте поминати контести без проблеми, овој пат Murphey беше со нас. Контестот го почнаме на долните опсези, на 3.5 и 7 mhz. Работата идеше според планираното првите 3-4 часа, време по кое едниот исправљач на линеарот за 3.5 mhz почна да грее повеќе од вообичаеното. Му појачавме ладењето но после извесно престана да работи. Првата констатција беше, дека трафото е отидено, бидејки после неколкуте испитувања дефинитивно немавме снага. По извршената замена на испраљачите продолжено е со работата. Во сабота попладне нов проблем, но сега на 14 mhz, добиваме лош квалитет на модулацијата. Првичното сомневање е во линеарот па го заменуваме со резервниот. Меѓутоа проблемот повторно се јавува и тоа кога антената е усмерена према USA. Претпоставките се дека некој хармоник од антената, кога е усмерена во тој правец, влегува во соунд картата и ја десторзира модулацијата. Овој проблем го решававме, за жал, со намалување на излезната снага скоро за дупло, наместо со 700 вати, работиме со 300/350 вати. Во недела напладне откажува и ротаторот за yagito на 14 mhz. Останува во положба север и не сака ни лево ни десно. Во истиот период повторно се јавува и проблемот со модулацијата па од тие причини снагата ја намалуваме за уште стотина вати. Овој период од неколку часови губиме голем број на врски а со неможноста на вртењето на антената и голем број на множители. Крајот на контестот го завршуваме на долните опсези, каде во мала мера се поправи скорот со бројот на множители. И покрај наведените проблеми, конетстот го завршивме со преку 3100 qso’a, нешто слично како и мината година, но со само 810 множители што е помалку од минатата година за околу 85 множитела. Ова се одрази и на конечниот скор, оваа година нешто помалку од 9.5 милиона за разлика од мината кога се оставрени 10.5 милиони поени. Конечниот скор е прикажан во табелата подолу.
Инаку мора да се истакне дека RTTY контестите (WPX и WW) од година на година стануваат се попривлечни и за таканаречените Big gunovi, и конкуренцијаta е се посилна. Активноста секоја година драстично расте, па во овие контести е слично како и во CW и SSB, кога се опфатени сегменти од бандовите наменети за другите врсти на работа. Пример, на 14 mhz се работеше од 14.050 па се до 14.140 mhz, додека на 7 mhz, од 7020 до 7090 mhz.


BAND -- QSO -- DUP -- PFX -- POINTS
--------------------------------------
80 ----- 853 ---- 2 --- 249 ----- 3672
40 ---- 1209 ---- 9 --- 328 ----- 5486
20 ----- 913 ---- 2 --- 195 ----- 2148
15 ----- 141 ---- 0 ---- 38 ------ 356
10 ------- 0 ---- 0 ----- 0 --------- 0
-------------------------------------
TOTAL: 3116 --- 13 --- 810 ---- 11662
==============================
TOTAL SCORE : 9 446 220

Следуваат неколку фотки ....
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

CQ WW WPX RTTY 2009 Empty Re: CQ WW WPX RTTY 2009

Пишување  Z36W Сре Фед 18 2009, 01:50

CQ WW WPX RTTY 2009 Vesva0
Подршка од Тони Z32ZT, пред почетокот на натпреварот

CQ WW WPX RTTY 2009 2a0kobp
Да видиш и да не веруваш, да се карат за сок Very Happy

CQ WW WPX RTTY 2009 34pdukh
Вака изгледа бимот за 14 мхз

CQ WW WPX RTTY 2009 29f7z1i
Тоне во акција после неколку месечно отсуство Smile

CQ WW WPX RTTY 2009 2iln8tz
Позадината од sheck nr. 1

CQ WW WPX RTTY 2009 2ebubkx
Позадината од sheck nr. 2


Последната промена е направена од Z36W на Пон Aвг 16 2010, 17:29. Мислењето е променето 2 пати.
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

CQ WW WPX RTTY 2009 Empty Re: CQ WW WPX RTTY 2009

Пишување  Z36W Пет Фед 20 2009, 01:07

Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

CQ WW WPX RTTY 2009 Empty Re: CQ WW WPX RTTY 2009

Пишување  Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот