РАДИО КЛУБ - Z37M
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ARRL CW - 2009

2 posters

Go down

ARRL CW - 2009 Empty ARRL CW - 2009

Пишување  Z36W Пон Фед 23 2009, 20:13

Еден од по интересните контести е секако и ARRL DX контестот, пред се заради големата активност на Американските радиоаматери. Првичните планови беа активирање на два банда (синглови) од кои на 7 мхз ке биде Z37M (op Z36W), а на 3,5 мхз требаше да работи Озрен Z35T. Спречен од работните обврски Озрен не можеше да дојде па активноста беше само на 7 мхз и делумно на 14 мхз.
На 7 мхз условите просечни, во одредени делови од ноќта одлични но во одредени лоши со многу слаби сигнали. Инаку активноста голема така што бандот (7000 до 7100) беше целиот зафатен. Одржани се 877 qso'a, 56 mult. и скор од 147336 поени. Од Амерканските држави остана не работена само Норт Дакота. И овој пат "Bobtail" антената се покажа како добра солуција со оглед на тоа дека на овој банд, засега, немаме услови за некоја подобра усмерена антена. Работено со 700-800 w i FT-1000 mp.
Во неделата вечерта околу 18.00 часот на 14 мхз, онака релаксирачки делев поени и бандот одеднаш се затвори, се слушаа само неколку европски станици, за половина час бандот повторно се отвори повикав неколку пати и одеднаш pile-up како во старите добри времиња. Идеше истовремено (но и со силни сигнали) цела Америка. За саат и половина одржани се 260 qso'a и околу 47 множители.
Од нашите, видов спотувања од Блажо Z35F и Крсте Z35X.
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  K0AP Сре Фед 25 2009, 09:44

Во ARRL CW со Alex, KU1CW, бевме дел од M/2 тимот на N0NI super station. Tony N0NI, и овој пат се покажа како добар домаќин и ни обезбеди услови за работа какви што само можат да се посакаат. Инаку Тони подрумскиот дел од неговата куќа го има преуредено ексклузивно за радио аматерска активност, со ППС, две спални соби за операторите, купатило, кујна, дневен престој...
За разлика од IARU 2008 овој пат Тоny се има подновено со неколку бевериџи коишто се покажаа многу корисни на прием. Инаку, Тоny за 80 и 160м има 4SQ. Други посериозни надградби на антенскиот систем не забележав но ППСот беше подновен со нов IC7700 и Еlecraft К3... Покрај овие две имаше и FT2000 и еден куп FT1000МP. Првичниот план беше да се работи Мulti Single меѓутоа во последен момент се смени планот во М/2 категорија. Од Кansas city до Rippey, Iowa има 3.5 саати возење. Кога пристигнавме кај N0NI со Аlex контестот беше веќе почнат и Dave W0FLS веќе ја ,,делкаше,, Европа на 7 и 3.5 MHz. Тука беше и Bill N0AC кој е неизоставен дел од N0NI со логистичка и друг вид на поддршка во контестите како и при инсталација на антенските системи. Во текот на 48 саати колку што траеше натпреварот се ,,проврвеа,, 4-5 оператори од кои никој не остана повеќе од 24 часа тотал... Ќе поработат по некој саат на станица и ќе си заминат дома. Штета е да се има антени и опрема за кои сонува 99% од HAM популацијата и да не се искористи до максимум потенцијалот за да се направи добар резултат. Во повеќе наврати пишував дека е скоро невозможно да се победат силеџиите од источната обала поради тоа што се за скоро 2500км поблиску до Европа но сепак вреди да се проба и ако ништо друго барем да им подишиме малку во врат, хи хи!
Разочарувачки лошо, според мене, поминавме на 40м каде што се напрвавија нешто малку повеќе од 700 врски. Овој банд според сите критериуми требаше да биде ударен но и покрај ,,силните,, антени резултатот изостана. Бесконечно CQ Test на моменти со по едно QSO во 10 минути... Главниот 3ел беам му е на 60 метри, има други 2x3 ел фиксирани према Јужна Америка и уште еден ротирачки на висина од ,,бедни,, 40 метри, хи! Во споредба со нас во истата категорија, N3RS направи 900 врски повеќе на 7MHz, К1АR направија 700 врски повеќе, додека W4RM ни ,,побегнаа,, за 500 врски. Ова беше и решавачкиот момент за конечниот резултат затоа што скоро на сите останати бандови се носевме рамноправно ако не и помалку супериорно во однос на повеќето од водечките како по број на врски така и со множители. Тоny призна дека ќе мора на направи нешто со 7MHz за да може да се носи малку од малку со другите. А тоа ,,нешто,, најверојатно значи ,,садење,, на нови столбови во наредниот период и подигање на нови антени. Ме импресонираа 4SQ за 80/160м. Како работат е нешто што треба да се доживее. Само еден пример ќе дадам... викам CQ TEST на 80м свртен према ЈА и слушам некој ме вика ама многу слабо, едвај го наслушнувам. Неколку пати пробувам да го добијам знакот мислејќи дека е некој јапонец што ме вика со 5W снага ама без успех. Си помислив да не е некој од ЕУ случајно и преклопив према Европа кога од таму GI3OQR со 589 сигнал. Враќам јас назад и му давам рапорт... ШТАМА од негова страна. Го викам јас по втор пат и му го давам мојот знак и тој одговара назад со рапорт и ме прашува со што работам затоа што од 559 сигналот ,,рипна,, на 599+10, и прво помислил дека некој се шегува со него од Европа. Однос напред-назад, неверојатен. Контестот го завршивме со нешто повеќе од 3500 врски. Сатисфакцијата беше голема и планираме да правиме повеќе вакви ,,излети,, со KU1CW во иднина. За крај, еве го резултатот по бандови, како и споредба со неколку конкурентни станици, извадено од 3830 рефлекторот.

73 Драган K0AP, Z32XX

US/VE M/2 HP
Call 160m Q/M 80m Q/M 40m Q/M 20m Q/M 15m Q/M 10m Q/M
~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
N3RS 231/71 937/90 1650/117 1629/109 328/83 11/6
K1AR 132/63 626/86 1443/106 1809/111 251/75 12/4
W4RM 92/61 790/81 1243/107 1720/117 217/ 66 10/6
N0NI 182/73 605/83 743/112 1808/117 216/ 69 9/7
W2YC 111/59 306/77 554/101 881/101 156/ 61 0/0
N7AP 39/28 176/58 690/ 93 646/100 98/ 34 16/7

K0AP

Број на мислења : 84
Join date : 2008-09-06
Age : 50
Местолокација : Olathe, Kansas, USA

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  Z36W Сре Фед 25 2009, 12:19

Јеби га Драгец, за следниот вака посериозен контест, Тонката нека ни резервира по една карта и ете не у Ајова хехехехе ... На 7 мхз кога ве работев, сигналот беше класика не се сеќавам точно ама некаде од 55 до 579, сакам дека кажам дека не ме изненади со некоја силина. Додека на 14 кога ми се јавивте, ме исплашивте хехе, еден од појаките сигнали кои ги работев за тие саат и половина. За N0NI, како и за KU1CW, карактеристично ми беше овие неколку години (додека работев на 3,5) да ми се јават уште во првите часови од контестот, кога обично се редат источњаците. Што значии дека и Тони и Алекс имаат одлични сигнали на 3.5 мхз. А ова со лошиот скор на 7 а со тие антени е бога ми чудно ?! Туку за следниот контест чичо Тони ке ве изненади со нешто ново па тогаш ке ни ги кажеш разликите.
Инаку и ние не сме баш сјајни, за жал малата снага е главниот фактор за тоа. На неколку пати, иако терав инает, бев бркан од моја фреквенција. Пример, првата ноќ E70A ми дојде на 100-150 херца од мене, џабе беа моите укажувања дека фрек. е зафатена типот или не ме слушаше или се правеше да не ме слуша. Теравме така едно пола саат меѓутоа станиците кои него го работеа мене ме одминуваа, таков беше случајот и во саботата навечер со HE8DAP, и тој ми се зашлепа па и сого залудно трошев инатење, тој ке направи 4-5 врски ја само една и тогаш џабе и инат и се, совен промена на фрек. Е кога во Бобот би имале барем уште едно литро, значи да бидат барем две литра, мислам дека прикаската нема да биде ваква. Живееме со надеж дека ке го начекаме еднаш и овој момент хехехе
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  K0AP Сре Фед 25 2009, 20:31

Еве да го овековечам моментот и со некоја фотографија.
[img]=https://2img.net/r/ihimizer/img205/3721/n0niarrlcw2009pps.th.jpg][/url][/img]

Што е работава сто не излегува сликата? Дали јас нешто правам погрешно или?

K0AP

Број на мислења : 84
Join date : 2008-09-06
Age : 50
Местолокација : Olathe, Kansas, USA

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  Z36W Чет Фед 26 2009, 22:31

K0AP напиша:Еве да го овековечам моментот и со некоја фотографија.
[img=https://2img.net/r/ihimizer/img205/3721/n0niarrlcw2009pps.th.jpg][/url][/img]

Што е работава сто не излегува сликата? Дали јас нешто правам погрешно или?

Епа нешто е погрешно ама ајде направи вака: отиди прво на оваа web страна
http://www.uptowin.com/ Пр во идеш во browse и тука одеш на сликата, нели во твојот ПЦ.
стискаш на Open и после тоа на upload. После ова добиваш три линка, го копираш последниот
(тертиот) и тогаш се вракаш тука и само го отвараш зеленото прозорче (image) тука му правеш
paste и сликата ке биде тука.

Ајде пробај па да ве видеме Smile
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  Z36W Чет Фед 26 2009, 22:40

K0AP напиша:Еве да го овековечам моментот и со некоја фотографија.
[img]=https://2img.net/r/ihimizer/img205/3721/n0niarrlcw2009pps.th.jpg][/url][/img]

Што е работава сто не излегува сликата? Дали јас нешто правам погрешно или?

Грешен ти е линкот на сликата ја пробав да го поправам ама не иде затоа прати ја сликата по постапката што ти ја пишав претходно, многу лесно е со up-towin
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  K0AP Саб Фед 28 2009, 01:29

ARRL CW - 2009 3db427b5b540f1bdbb1efd9e8d24e8ef
N0NI PPS

ARRL CW - 2009 55d623c18355065378d6cd3be66ae0fe
Bill N0AC and Alex KU1CW

ARRL CW - 2009 1c07fae5d185575fc07dbdd824c61e3f
Dragan K0AP

ARRL CW - 2009 84bc17d9155ae280debff0fe28bff7a7
Alex KU1CW

ARRL CW - 2009 D151317ffad9753c6ad9cd7e47b5aeb4
ICOM 7700

ARRL CW - 2009 C8d9f7c55e71f43e18d6bd6e42669716
Tony N0NI

ARRL CW - 2009 Badad5abb66e34974107e04a2b9d5823
20m Stacked Yagi

ARRL CW - 2009 Ae12def565bce96ad17a6fdf5d597e69
N0NI Antenna System

ARRL CW - 2009 4482c3aae7177ab4b06fecd6556a95f9
N0NI Super Contest Station

K0AP

Број на мислења : 84
Join date : 2008-09-06
Age : 50
Местолокација : Olathe, Kansas, USA

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  Z36W Саб Фед 28 2009, 12:05

Фино, супер сликички ... Нешто шекот ме многу потсеќа на нашиот на Сушево Laughing Laughing Laughing
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

ARRL CW - 2009 Empty Re: ARRL CW - 2009

Пишување  Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот