РАДИО КЛУБ - Z37M
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

CQ WPX SSB - 2010

Go down

CQ WPX SSB - 2010 Empty CQ WPX SSB - 2010

Пишување  Z36W Сре Мар 31 2010, 00:26

Неколку години наназад овој контест не будеше некој голем интерес за работа, освен некои поединечни активности на некои членови. Оваа година учеството во истиот беше еден вид едукациски за нашите нови членови од ПП Секцијата во средното училиште Коле Нехтенин - Штип.
Како по обичај, петокот ни е ден за местење на антените за ниските бандови. На локацијата бевме Крсте, Гого, Дими и јас и до попладнето сите антени беа наместени и спремни за работа, Inv.Vee за 1.8 Mhz, Делта луп за 3.5 Mhz, Боб Таил и 2 X Вертикалки за 7 mhz. Одлучивме да се работи во категоријата М/2 (повеќе оператори - два предаватели) од причини да можат дечките повеке да бидат на станица. Контестот го започнуваат Гого и Дими а по неколку часа работа ги заменуваат Игор и Др.Озрен кои ни се придружија во текот на вечерта. Во саботата дојдоа Алекс и Бојан, и до недела навечер главен удел во работата имаа Алекс, Гого, Дими и Бојан. За прв натпревар во кои учестуваа момците, резултатот е повеке од задоволителен, остварени се околу 2400 врски и скор од околу 4,6 милиони поени. Морам да истaкнам дека беше задоволство да се гледаaт и слушaат коментарите на дечките за и околу натпреварот а пред заминувањето од Сушево прашањето беше "кога е следниот натпревар" lol!


Последната промена е направена од Z36W на Сре Мар 31 2010, 16:04. Мислењето е променето 1 пати
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

CQ WPX SSB - 2010 Empty Re: CQ WPX SSB - 2010

Пишување  Z36W Сре Мар 31 2010, 01:06

Ватреното крштевање на нашите нови членови, во овој натпревар, ке биде одбележано и со нов поставен Македонски рекорд во категоријата М/2 - повеќе оператори - два предватели !!! .... Basketball
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот