CQ WW RTTY - 2010
Страна 1 of 1
CQ WW RTTY - 2010
CQ WW RTTY, нашиот најголем предизвик во делот на контестирањето. Кога се преброивме колку оператори ке може да се собереме на Сушево, одлучивме да работиме MULTI-MULTI ! Како и обично неколку ден пред контестот се собираме на Сушево заради поставувањето на антените за долните опсези, и поставувањето на ППС-ите. Неколку часа пред почетокто на контестот се е наместено и се е во функција. За прв пат ги користеме Банд пас филтрите и првиот впечаток е дека до одредена мера ги кинат сметњите од другите станици но се уште го има QRM-ot кога се во прашање слабите сигнали. Во секој случај многу подобро со нив отколу без нив. Контесот го почнуваме на трите долни опсези (3,5, 7 и 14) со тоа што малку сме хендикепирани бидејки на 7 mhz повеке од 400w не можеме да извадиме. Инаку од антените за долните опсези се поставени, стандардно, Двете фазирани вертикалки за 3,5, два Bob Tailа за 7 mhz и еден бевериџ према USA. Преку денот работиме на 4 опсези, 7, 14, 21 и 28, како што напомнав благодарение на филтрите сега на 28 посилните сигнали можеа да се работат без проблеми додека за послбаите на 14 се правеше кратка пауза. Инаку претходно на 28 не можеше ништо да се работи додека работеа 21 и 14 истовремено. Првите 24 часа ги завршуваме со 2040 QSO'a што беше малку под очекувањата бидејки целта ни беше скор од преку 4000 QSO's, што значеше дека вториот ден ке треба уште повеќе да запнеме HI. Првичната анализа беше дека малку ни потфрлија 7 и 14, затоа ноќта кога 14 се затвори, тој ППС беше користен за 7, нели со малку поголема снага, и за тие неколку саати се одработија доста USA и DX-ovi. Во текот на вториот ден врските идеа добро но сепак некои мултиплаери беа неодработени па така останавме пократки за поголем број од нив, што на 21, така и на 14 и на 7 mhz ! Крајот го завршуваме со 3957 врски, 692 множители и скор од 6,389,928 поени. Задоволни сме што приближно и вториот ден го завршуваме со број на врски како и првиот и покрај неколкуте проблеми кои ги имавме за време на контестот сосема сме задоволно со постигнатото. Последните 5-6 часа останавме без интернет така да без кластер немавме голема можност за ловење на некои нови множители.
Опремата со која работевме:
80m. FT-1000mp + PA 700w ant. 2 X Vertikals, Delta loop i beverage USA
40m. IC-745 + PA 400w ant. 2 X Bob Tail
20m. FT-990 + PA 700w ant. 4 ele. yagi
15m. TS-850 + PA 500w. ant 5 ele. yagi
10m. FT-1000mp + PA 500w. ant. 5 ele.yagi
Во прилог е збирниот лист
Кривци за овој настан:
Z31MM, Z32ID, Z32RY, Z33DGM, Z35GL, Z35T, Z35X, Z36N, Z36W, Roberto
Морална подршка од Председникот ни Љубе и од Данчо Z32XU
Слики од овој настан можат да се видат во темата Фото албуми или на овој линк
https://z37m.macedonianforum.net/forum-f4/topic-t90.htm
Z36W- Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|