РАДИО КЛУБ - Z37M
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

WAE RTYY - 2010

2 posters

Go down

WAE RTYY - 2010 Empty WAE RTYY - 2010

Пишување  Z36W Вто Ное 16 2010, 19:38

Натпревар кој со нетрпение го очекувавме, пред се заради минатогодишните резултати во кои за мала разлика го загубивме првото место од екипата на DQ4W од Германија. Иако желбата за реванш беше голема, за жал не успеавме, туку овој пат истата екипа има многу поголема разлика во поените во однос на нас. Но кои се причините и зашто овака слабо поминавме во сторијата подолу.
Во четвртокот и петокот беа поставени вертикалките и делта лупот за 80м и Боб Таиловите за 40м. Почетокот го чекавме со нетрпение и конечно кога дојде, започнаа и првите проблеми ХИ ... SWR-от на Боб таилот за запад неочекувано порасна над дозволеното а санацијата на проблемот ни одзема некои 40 минути на стартот. Првата ноќ на долните опсези ја минеме многу послабо во однос на минатата година. Од тогаш нејасните причини за нас, на 80м вертикалките беа вон употреба бидејки на истите имаше огромен шум така да освен некои јаки сигнали друго беше неможно да се работи со нив, од тие причини за цело време се работеше со делта лупот. Исти случај беше и со 40м, антената за запад имаше огромен шум така да во најголем дел се работеше со антената за исток. Морам да напоменам дека со овој проблем изгубивме голем број на врски, QTC-иња и множители на овие опсези.
Во саботата околу 10 часот снемува струја, ја немаме 10/15 мин. доаѓа и повторно снемува и така неколку пати што не чинеше околу 1.30 мин мртво време. Денот го поминуваме со активност на 20 и 15м и се перманентно следење на 10м. Првите 24 часа логираме околу 1030 врски или околу 200 врски помалку од минатата година. И втората ноќ исти услови на 80 и 40м, многу шум на вертикалките и боб таилот и тоа резултира со помал број на врски. Крајот на контестот го завршуваме со 1690 врски или околу 300 помалку од минатата година. Исто така бројот на множители и QTC-иња е помал во однос на лани. Без разлика на не постигнатата цел, сепак мора да бидеме задоволни дека и овој резултат не е за потценување бидејки сметаме дека со истио во најмала рака ке треба да бидеме во топ 5 те станица пласирани во нашата категорија.
Наскоро ке има неколку фотки од овој настан Smile
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

WAE RTYY - 2010 Empty Re: WAE RTYY - 2010

Пишување  Z36W Вто Ное 16 2010, 20:14

Само што гледав на РТС за феноменот што се случил овие денови на овие простори од Балканот. Имено од петокот вечерта Србија од северот па према Македонија била под влијание на некои електрични снопови со метеорска прашина, како резултат на некои распагања на метеори и астероиди. По кажувањата на стручњаците за овој феномен, истиот не бил штетен по здравјето на луѓето но имало одредени пречки во телекомуникациите. Сега веќе ни е јасно кој бил проблемот за нас на долните опсези, фактички бевме блокирани на север и тоа исклучиво на вертикалните антени, додека тоа не беше случај со делта лупот ?! Барем да почекаше овој феномен до понеделникот ХИ ХИ ХИ !!!
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

WAE RTYY - 2010 Empty Re: WAE RTYY - 2010

Пишување  4ayka Вто Ное 30 2010, 03:01

смешно, но сепак корисна статија

4ayka

Број на мислења : 1
Join date : 2010-11-30

Вратете се на почетокот Go down

WAE RTYY - 2010 Empty Re: WAE RTYY - 2010

Пишување  Z36W Вто Дек 07 2010, 01:24

Абе сега е смешно, ама да не видеше како ни беше за време на натпреварот Evil or Very Mad
Z36W
Z36W

Број на мислења : 218
Join date : 2008-09-05
Местолокација : Штип

Вратете се на почетокот Go down

WAE RTYY - 2010 Empty Re: WAE RTYY - 2010

Пишување  Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот