РАДИО КЛУБ - Z37M
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Посатвување на Теми, пораки, Фото албуми и слики

Go down

Посатвување на Теми, пораки, Фото албуми и слики Empty Посатвување на Теми, пораки, Фото албуми и слики

Пишување  Admin Чет Сеп 11 2008, 12:41

Почитувани,

Овде накратко е објаснето на кој начин ке можете да поставите тема, да постирате порака, да отворите фото албум и да поставувате слики и клипови.

1. Отварање на нови теми и пишување на пораки

Поставување на теми во основата на форумот врши единствено администраторот но на барање и сугестии на членовите. Членовите отвараат теми во основните теми како на пр. ако сакате да отворите тема во темата "За и околу РСМ", кликате прво на темата, кога истата ке се отвори кликате на "NEW TOPIC" и задавате име на темата. На тој начин сте отвориле нова тема. За да поставите порака во истата тема кликате на "Post Replay" и ја пишувате порката. На сите овие постапки за да се регистрираат, кликате најдoлу на "SEND".
Доколку сакате да одговирте со цитат од пораката на некој друг член кликате на "quote" во неговата порака и пишувате одговор. Ако сакате да ја корегирате вашата претходна порака, кликате на "edit" овие две копчиња се во десниот горен ќош на пораките.
Доколку сакате да користете Мак.фонт кликнете на "shift-alt" истовремено.

2. Отварање на фото албуми и поставување на слики и клипови

Фото албум може да отвори секој член, во кој би поставил слики од одредени свои активности, активности од клубот и т.н. Фото албум отварате си кликање во основната тема "Фото албуми" а потоа кликате на "Newtopic" и го запишувате насловот на албумот. Поставувањето на слики се врши на следниот начин: Во отворениот фото албум кликате на "Post Replay" и ви се отвара коцката како за пишување на пораки. Над таа коцкичка има повеќе икони. За да поставите слика кликате на иконата со прозорчето и дискетата во него (15-та по ред од лево). По кликнувањето ви се отвара коцка и тука кликате на "browse" или барај, тука ја барате сликата во својот компјутер и кога ја најдете кликате на "open" и тогаш во browserot ви се појавува линкот од сликата. Следен чекор е кликање на "Host it" но секогаш пред тоа подесета ја големината на сликата со "resize", обично се става 320 или 640 pixeli. Откако ке направете resize кликате на Host it и после тоа ви се појавуваат три линкови. Последниот линк најдолу го снимате, со десен клик на него и copy. Откако е снимен линкот, кликате на иконата со прозорчето (16-та по ред) и тука се отвара коцкичка во која правите paste на снимениот линк и стискате ОК. Акцијата ја завршувате со кликање на Send. На овој начин во една порака можете да сместите повеќе слики.
На сличен начин се поставува и клип. Откако ке творите нова порака, кликате на иконата "Video" што има филмска лента. Откако кликнете на неа ви се отвара диалог за поставување на линк. Ако клипот е на интернет, на "youtube" или сл. го наоѓате и го снимате линкот кој потоа го пастирате во коцкичката и стискате ОК. Ако клипот е во вашиот компјутер тогаш го снимате линкот од местото кај што е (со пропертис) и го поставувате во коцкичката и кликате ОК. За да биде клипот успешно поставен, пред линкот и позади линкот мора да го има следното: Посатвување на Теми, пораки, Фото албуми и слики Link. Без овие загради и имг во нив, клипот е безупсешно поставен. Ова истото треба да го има и при постирањето на слики, но таму автомстски се поставуваат. Значи во случај не неуспешно поставување било на слики или на клипови, прво проверете дали ги има заградите со img. Како и во пишувањето на пораки и овде за секоја завршена порака, поставена слика или клип, обавезно кликате на "SEND", во спротивно вашата порака нема да биде пратена ниту снимена.

За секој проблем околу овие работи, па и за друго, слободно прашувајте го администраторот.

Пред да почнете со било какви работи на форумот, Ве молам прочитајте ги "Правилата на Форумот" кои се наоѓаат во делот кај основните теми, во темата "Администратор".
Admin
Admin
Admin

Број на мислења : 26
Join date : 2008-09-04
Местолокација : Македонија

https://z37m.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот